Какви проблеми ќе му донесе новиот систем ETIAS на туризмот?

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Европскиот систем за патни информации и авторизација (ETIAS) кој според најавата треба да се применува од мај годинава ќе го забави движењето на туристите, посебно на организираните туристички групи во екот на сезоната, сметаат туристички работници.

Тие очекуваат дека некои стравувања околу примената на системот ќе се надминат пред да почне тој да функционира.

– И досега на граничните премини, на пример со Грција, каде што најмногу патуваат нашите и српските граѓани имавме невиден метеж иако постапката одеше полесно бидејќи со список на патници добивавме печати во пасошите. Сега секој патник ќе мора самиот да ги заврши процедурите со пасошот и да остави отпечаток од прст. Да претпоставиме дека за тоа ќе треба најмалку по 3 минути за секого. Тоа значи дека еден автобус со 50 патници ќе чека најмалку час и половина, што не е малку. Да не ги сметаме и другите процедури и честите проблеми со системот на грчката граница – вели Дончо Нацески од агенцијата „Арботравел“.

Тој предупредува дека туристичките агенции кои превезуваат патници ќе имаат проблем и со работното време на возачите и со пријавата за престој која ја воведува Европската Унија.

– Ако досега сме возеле со еден возач за Грција, поради застоите и пресметувањето на работното време на возачите од 4 часа, ќе треба да ангажираме уште еден возач и ќе треба тие да го зголемат бројот на паузи. Проблем ќе биде и тоа што возачите ќе треба да пријават престој и ако транзитираат низ некоја европска земја – додава тој.

Туристичките работници се загрижени и од фактот што дел од граѓаните кои сакаат да патуваат во некоја европска земја нема да можат самите да се пријават во системот.

– За вакви случаи ќе треба да ангажираме еден од вработените или да вработиме ново лице. Постапката може да се усложни и со плаќањето на таксата, но и со тоа што ќе треба да се обезбедат документи за некои од патниците – вели Нацески.

Влатко Сулев од Националната асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ) смета дека новиот европски систем во прв налет ќе го забави патувањето, а потоа со секое наредно патување проверката ќе оди брзо.

– При првото преминување на границата граничните власти ќе ги проверат сите потребни податоци, а веќе наредното секој што патува ќе ја минува границата побрзо, што е цел на системот. Моето искуство е такво со патувањето во азиските земји каде што секоја земја има ваков систем на проверка на странците кои влегуваат во земјата. Така што верувам дека и европскиот систем со текот на годините ќе биде брз – вели Сулев.

- Advertisement -
Ad image

Дел од туристичките работници, поради политичките случувања во светот, не веруваат дека системот ETIAS ќе почне да се применува од мај.

– Веќе имаше неколку одложувања на примената на овој систем, поради техничка неподготвеност на земјите од ЕУ. Мислам дека повторно ќе го одложат бидејќи се фокусирани на актуелните политички случувања. Да почекаме да почне да се применува, па да видиме дали и колку ќе влијае на туризмот – вели претседателот на туристичко-угостителската комора од составот на Сојузот на комори, Аркан Керем.

Европската Унија го воспоставува системот ETIAS за собирање информации за патниците кои моментално можат да патуваат во земјите од ЕУ без визи и има за цел да идентификува поединци кои претставуваат безбедносен ризик пред да им биде дозволено да патуваат во шенген-зоната.

- Advertisement -
Ad image

КОЈ НЕМА ДА ДОБИЕ ДОЗВОЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ?

Иако се проценува дека над 95 отсто од луѓето нема да имаат проблем, доколку некој биде одбиен, тоа може да се однесува на лица кои претходно имале правен проблем во земјите на ЕУ. Важно е што оние кои ќе бидат одбиени ќе добијат причина за одбивањето за да можат да го решат тој проблем во иднина и да патуваат непречено низ земјите на ЕУ, изјави Александар Сеничиќ, директор на Националната асоцијација на туристички агенции во Србија (ЈУТА).

Постојат неколку причини поради кои вашата пријава за ETIAS може да биде одбиена:

– Доколку патните документи што сте ги користеле се пријавени како изгубени или украдени.

– Доколку сте прогласени за безбедносен ризик, потенцијален нелегален мигрант или претставувате висок ризик од ширење епидемии.

– Доколку не доставите дополнителни информации или документи кои се бараат за обработка на апликацијата во зададениот рок, или не се појавите на закажаното интервју.

– Доколку претходно ви бил одбиен влез или престој во некоја земја на ЕУ, а за тоа е издадено и официјално предупредување.

– Доколку постојат основани сомнежи во точноста на податоците што сте ги доставиле или во веродостојноста на документите што сте ги приложиле.

Share This Article