Познатата актерка Џесика Алба (43) со години важи за една од најубавите на светот. Џесика во меѓувреме стана и претприемачка, основајќи ја компанијата „Honest Company“, а изминатиов период е во центарот на вниманието на јавноста и медиумите поради разводот од сопругот Кеш Ворен.
Џесика, меѓутоа, и покрај тоа, ужива во животот, па деновиве е снимена како позира во бикини во текот на одморот во Кабо, Мексико.
Згодната актерка уживаше во друштво на својот син Хејс, а на својот инстаграм-профил сподели видео од нивниот одмор.
„Совршен долг викенд со моето омилено малечко“, напиша таа во описот на видеото во кое ги покажа најинтересните моменти од нивниот одмор, а многумина забележаа дека Џесика изгледа подобро од кога било.
На снимките на плажата ја покажа својата совршена фигура, благодарение на тренинзите во теретана и здравата исхрана, а минијатурните бикини одлично и прилега. Сепак, некои веруваат дека актерката премногу ослабела.
Инаку, Џесика и Ворен имаат и две ќерки, 16-годишната Хонор и 13-годишната Хевен, а актерката поднесе барање за развод на почетокот на овој месец, откако на 16 јануари јавно објави на социјалните мрежи дека се разведуваат.
„Со години сум на патување на самооткривање и трансформација – и како поединец и во партнерство со Кеша. Горда сум на тоа како пораснавме како двојка во изминатите 20 години, а сега е време да започнеме ново поглавје на раст и еволуција како поединци“, напиша таа тогаш и ја исклучи можноста за коментирање.
„Одиме напред со љубов, добрина и почит еден кон друг и засекогаш ќе бидеме семејство. Нашите деца остануваат наш најголем приоритет и бараме приватност во овој момент“, додаде тогаш актерката.
Последната објава на Ворен со Џесика беше пред речиси една година, на 11 март 2024 година. На сликата се држат за раце, а таа блеска во светкав сребрен фустан, додека тој изгледа елегантно во црн смокинг. Гласините за развод се разгореа кога актерката беше фотографирана на вечера без бурма, во друштво на непознат маж.
Долгогодишниот пар, кој се венча во 2008 година, нема предбрачен договор. Џесика поднесе барање за развод на 7 февруари со помош на славната адвокатка Лаура Васер, наведувајќи ги како причина „непомирливите разлики“.