Интервју на министерот Муцунски за најголемиот јавен сервис во Австралија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во рамките на посетата на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде две интервјуа за најголемиот австралиски јавен сервис SBS, на македонски и на англиски јазик.

Во разговорите, министерот Муцунски изрази задоволство што е првиот министер кој остварува официјална работна посета на Австралија по цели 15 години, што, како што нагласи, е уште еден доказ за грижата што новата Влада ја посветува на обновување и зајакнување на односите со македонската дијаспора.

Оваа посета, додаде тој, коинцидира со значајниот јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу двете земји.

Во интервјуата, министерот Муцунски говореше за приоритетите на новата македонска Влада во надворешната политика.

– Во делот на надворешната политика, би рекол, имаме три клучни константи. Прво, ние сме земја членка на НАТО. Второ, ние сме земја која претендира да стане полноправна членка на ЕУ и сме усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. И трето, ние сме една од ретките земји што имаат стратешко партнерство со САД. И мислам дека по однос на сите три клучни позиции, нема некоја отстапка од ставовите на Австралија – изјави министерот Муцунски.

Тој исто така потенцираше дека, како министерство со проширени надлежности, од особена важност е зголемувањето на обемот на надворешната трговија, интензивирањето на билатералната, економската и политичката соработка со клучните политички центри, како и зајакнувањето на односите со македонската дијаспора насекаде низ светот.

Министерот Муцунски информираше и за одржаните високи политички билатерални средби со министерката за надворешни работи на Австралија, Пени Вонг, министерот за надворешни работи „во сенка“, Дејвид Колман, како и со парламентарната група за соработка помеѓу двете земји.

На овие средби, како што истакна, биле споделени заеднички ставови за глобалните предизвици и поврзаноста на случувањата во Индо-Пацификот и Австралија со безбедносната состојба на европскиот континент.

Во интервјуто, министерот Муцунски се осврна и на актуелните геополитички предизвици, притоа истакнувајќи:

- Advertisement -
Ad image

– Некои можат да ги сметаат методите на новата американска администрација како неконвенционални, но треба да се прашаме – што ни донесе конвенционалната дипломатија досега? Таа ни донесе повеќе војни и повеќе конфликти. Видовме, особено во последните неколку денови, еден ефикасен ангажман од страна на претседателот Трамп и неговата администрација, како и позитивниот прием на овој ангажман од страна на претседателот Зеленски – изјави министерот Муцунски.

Посетата на Австралија, според министерот Муцунски, претставува значаен чекор во зацврстувањето на билатералните односи и продлабочувањето на економската и политичката соработка, како и во унапредувањето на врските со македонската дијаспора, која, како што истакна, е клучен мост на пријателство меѓу двете држави.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article