Славниот холивудски шмекер Том Круз (62) одамна се смета за еден од најголемите заводници, поради што низ годините го поврзувале со бројни убави жени. Круз, пак, никогаш не се огласил по повод овие наводи.
Круз неодамна беше виден во Лондон во друштво на многу помлада колешка, а се шпекулира дека тие се повеќе од пријатели и дека тоа не е само потенцијална деловна соработка.
Том Круз бил во друштво на Ана де Армас (36), пишува „Дејли мејл“, кој објави ексклузивни фотографии од нив двајца и наведе дека средбата се случила на самиот „Ден на вљубените“, додека „Пипл“ известува дека се сретнале и ден претходно, минатиот четврток.
Круз и Ана де Армас биле во еден познат лондонски ресторан и љубезно се фотографирале со обожавателите кои ги опкружиле По вечерата заедно заминале со такси, носејќи ќеси со храна.
Том Круз во 2024 година го поврзаа со една Русинка со која наводно имал романса. Тогаш беше поврзуван со пејачката Викторија Канал, која ги демантираше гласините за емотивна врска со познатиот актер.
Љубовната врска со Русинката беше првата потенцијално сериозна врска по неговиот развод со Кејти Холмс во 2012 година, со која помина шест години во врска. Тој беше во брак и со Никол Кидман и со Мими Роџерс, додека Ана беше во љубовна врска со Бен Афлек, а во текот на коронавирусот дури и се пресели во неговиот дом.
Афлек постојано беше насмеан со Ана, а откако раскинаа, тој ја обнови романсата со Џенифер Лопез, се ожени со неа, па исчезна насмевката од неговото лице, а минатата година и бурмата од раката.
Во 2024 година, Ана беше поврзана со Пол Букадакис (41), а потоа и со посинокот на кубанскиот претседател, Мануел Анидо Гест (28).
Го чекаме расплетот на ситуацијата, а доколку се потврди дека го освоила Том Круз, тоа никого не би изненадило.
Ана де Армас е шпанско-кубанска актерка. Пред дваесетина години глумеше во хит серијата „Ел Интернадо“. Потоа, ѝ се отворија вратите на Холивуд, па стана и Бонд-девојка, а во 2022 година ја играше Мерилин Монро во филмот „Русокоса“ (Blonde), за што доби номинација за Оскар, а глумеше и со Афлек во „Длабока вода“ (Deep Water). Таа постигна забележителна кариера во Холивуд, а ѝ се предвидува уште поголем успех.