Background

Деребан побара оставка од државниот обвинител Коцевски

ВМРО-ДПМНЕ наследи држава во која не владеат Уставот и законите, истакна заменик министерот за правда, Ален Деребан во синоќешното гостување на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“.

– Оваа Влада наследи држава во која секојдневно бевме сведоци на кршење на основните човекови слободи и права. Република Македонија беше доведена до степен да се декларира како држава во која владее правна несигурност, со длабоко вкоренети системски криминал и корупција, кои што го разјадуваат секое здраво ткиво од општеството – истакна Деребан.

Крајно време е да се воведат ред и правда во Македонија, истакна тој.

- Advertisement -
Ad image

Деребан нагласи дека актуелната одлука на Владата за разрешување на републичкиот обвинител Коцевски е одличен потег и е еден од чекорите од борбата против криминалот и корупцијата.

– Очекував и претходно да даде оставка, поради сите случувања во правосудниот систем. Поради тоа што, како резултат на нивното работење ние имаме пад на индексот за перцепција за корупцијата, во кој детално е нагласено дека една од основните, главните причини е непостапувањето и неажурноста на Обвинителството во предметите со корупција и висок степен на криминал. Ова е една од главните причини за одлуката да се разреши ЈО Коцевски – потенцираше заменик-министерот Деребан.

Тој појасни дека работата на државниот јавен обвинител е да гони криминал и корупција, а не тој самиот да биде вклучен во истата.

– Јавниот обвинител наместо да се занимава со гонење на криминал и корупција, се занимава со внатрешно пресметување со останатите обвинители и со посредување при склучување на судски спогодби, каков што беше случајот со поранешниот врховен судија и поранешниот потпретседател на Советот за јавни обвинители – изјави Деребан.

Деребан се осврна и на составот на Судскиот совет, за кој истакна дека веќе не е кредибилен.

– Овој состав на Судскиот совет целосно го има изгубено својот кредибилитет и не може да биде носител, ниту дел од реформите во правосудството. Овој Судски совет е причина за голем број на домашни и меѓународни негативни извештаи. Исто така е причина за падот на индексот за перцепција на корупцијата, каде што е нотирано дека една од причините е лошата контрола на овој Судски совет врз судиите – заклучи заменик-министерот за правда Деребан.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation