Јужнокорејската актерка Ким Саерон (24) е пронајдена мртва во својот дом во областа Сеонгсу-донг во Сеул, соопшти тамошната полиција, пренесува Би-би-си.
Телото на актерката го пронашло нејзин пријател во нејзиниот стан во неделата наутро. Според полицијата, не се работи за насилна смрт, а причината за смртта сè уште се истражува.
Ким Се-рон е родена на 31 јули 2000 година во Сеул. Таа се прослави како детска актерка и важеше за една од најперспективните млади ѕвезди во јужнокорејската филмска индустрија. Таа се прослави по улогата во филмот „A Brand New Life“ (2009), кој ја однесе и на Филмскиот фестивал во Кан.
Ким Се-рон продолжила да реди успеси со улогите во „Човекот од никаде“ (The Man from Nowhere) (2010), најуспешниот јужнокорејски филм таа година, како и во трилерот „Соседот“ (The Neighbour) (2012), за кој добила признанија. Меѓу нејзините значајни проекти се филмот „A Girl at My Door“ (2014) и телевизиската серија „Mirror of the Witch“ (2016).
Меѓутоа, во 2022 година, таа се повлече од очите на јавноста по инцидент со возење во пијана состојба, за што беше казнета со 20 милиони вони (околу 13.000 евра) во април 2023 година. Нејзината последна улога беше во корејската драмска серија „Bloodhounds“, која на Нетфликс излезе во 2023 година.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
