Пејачката Шакира неодамна ја започна својата турнеја, но синоќа морала да го одложи концертот бидејќи завршила во болница и не можела да настапи.
„Жал ми е што ве информирам дека синоќа морав да одам на Итната помош поради проблеми со стомакот и моментално сум во болница. Лекаарите кои во моментот се грижат за моето здравје сметаат дека не сум доволно добро да настапам вечерва“, започнала Шакира и додала:
„Многу сум тажна што не можам да излезам на сцената денеска. Со радував повторно да се дружам со моите неверојатни обожаватели овде во Перу. Се надевам дека утре ќе ја напуштам болницата и дека ќе бидам добро, и дека ќе можам да настапам. Мојот тим веќе работи на нов датум за концерт, кој ќе ви биде соопштен. Ви благодарам за разбирањето и испраќам љубов до сите вас“.
Шакира ја започна својата турнеја насловена „Las Mujeres Ya No Lloran“ на 11 февруари во Рио де Жанеиро.