Египет заедно со Светската банка подготвува алтернатива на планот на Доналд Трамп да го претвори Појасот Газа во „Ривиера на Блискиот Исток“ во сопственост на САД. Според алтернативниот план Хамас ќе биде формално исклучен од управувањето и контролата на реконструкцијата на територијата, пишува „Гардијан“.
Со реконструкцијата би раковедело собрание, но ниту еден член на Хамас не би можел да членува во комитетот.
„Сепак, идниот воен статус на Хамас во Газа е нерешен, што веројатно ќе биде пречка Израел да го одобри овој план. Арапските држави, главно Обединетите Арапски Емирати и Катар, се подготвуваат да дадат финансиски понуди за финансирање на реконструкцијата, но само ако на Палестинците има биде дадено правото да останат во Газа и да не се принудени да бараат привремено или трајно засолниште во Египет или во Јордан“, продолжува статијата.
Реконструкцијата би траела три до пет години, а 65 отсто од имотот во Газа е уништен. Европските извори признаваат дека прашањето за обезбедување безбедносни гаранции за Газа на Израел останува нерешено бидејќи ниту една арапска земја не е подготвена да понуди војници во отсуство на Израел.
Арапскиот самит треба да се одржи во Ријад на 27 февруари на кој треба да се разговара за алтернативата на планот на Трамп за Газа и да се откријат делови од нацртот.
Засега Саудиска Арабија експлицитно не повика Хамас да биде исклучен од процесот на реконструкција или управување со Газа, но Анвар Гаргаш, висок дипломатски советник од ОАЕ, го пофали неодамнешниот повик од Ахмед Абул Геит, генералниот секретар на Арапската лига, Хамас да се повлече од администрацијата на Газа како „соодветен и рационален“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху утре ќе испрати делегација преговарачи во Каиро за да разговараат за „продолжување на спроведувањето на првата фаза од договорот“ за прекинот на огнот во Појасот Газа, соопшти вечерва неговиот кабинет.
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, на прес-конференција одржана со Нетанјаху, денеска рече дека палестинската исламистичка група Хамас не смее да остане владејачка сила во Појасот Газа.
– Сè додека Хамас е сила на која и е дозволено да владее тука или сила која може да се заканува со насилство, мирот е невозможен – рече Рубио, нагласувајќи дека Хамас мора да биде уништен.