Актуелните безбедносни предизвици во Европа и регионот и можностите за зајакнување на меѓународната соработка во доменот на безбедноста и стабилноста, биле тема на средбата меѓу премиерот Христијан Мицкоски со претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојзген, во рамки на работниот престој во Минхен, Германија.
Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ја истакнал заложбата за унапредување на стратешкото партнерство со сојузниците од НАТО и потребата за напредок на патот кон Европската Унија, како и за активната улога на земјата во регионалната безбедносна архитектура.
Тој нагласил дека стабилноста на Западен Балкан е клучна за европската безбедност и ќе продолжи да работи на продлабочување на билатералните и мултилатералните односи во оваа област.
Двете страни се согласиле дека соработката е клучна за справување со глобалните предизвици и дека иднината на регионот е во одржлив развој, економски просперитет и сигурност за сите граѓани.

Премиерот Мицкоски денеска остварил билатерална средба и со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Средбата се одржала во духот на пријателските односи меѓу двете земји, при што била нагласена важноста на продолжувањето на политичкиот дијалог и економската соработка, стои во владиното соопштение.
Двајцата премиери разговарале за билатералните односи, евроинтегративниот процес и за предизвиците со кои се соочува регионот на Западен Балкан. Премиерот Мицкоски изразил благодарност за континуираната поддршка што Хрватска ја дава на Македонија во процесот на европските интеграции и нагласи дека Владата останува посветена на реформските процеси со цел забрзување на пристапните преговори.
Премиерот Пленковиќ, пак, ја потврдил поддршката на Хрватска на патот кон Европската Унија, истакнувајќи дека стабилноста и развојот на регионот се од заеднички интерес.

Во текот на денот Мицкоски ќе земе учество во дел од активностите на Минхенската безбедносна конференција, каде ќе има свое обраќање на панел дискусијата на Форин Полис и ќе говери за геополитиката, енергетската сигурност и за улогата во промените на глобално ниво, се додава во соопштението на владината прес-служба.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
