Тропскиот циклон Зелија од петта категорија стигна до западниот брег на Австралија. Властите предупредуваат на удари од урагански ветар до 290 километри на час, поплави и високи бранови. Затворени се и неколку пристаништа.
Тропскиот циклон Зелија стигна до западниот брег на Австралија во 12:30 часот по локално време, соопшти Бирото за метеорологија.
Циклонот го достигна врвот во категоријата пет додека падна на копно источно од Порт Хедланд, на околу 1.300 километри од Перт, едно од најпрометните пристаништа за железна руда во светот. Пристаништето беше затворено.
Британско-австралискиот рударски гигант Рио Тинто ги отстрани бродовите од пристаништата во областа и го запре железничкиот сообраќај.
Рударската компанија BHP, исто така, ги прекина операциите во Порт Хедланд. Сите летови за полетување и пристигнување на градскиот аеродром беа откажани.
Циклонот потоа ослабна до бура од четврта категорија додека минуваше над ретко населените области за рударство и сточарство во регионот Пилбара, објави француската новинска агенција АФП.
Регионот Пилбара има значителни наоѓалишта на железна руда, бакар и злато. Некои од најголемите рудници во Австралија се наоѓаат таму.
Во следните 24 часа може да наврнат и до 300 литри врнежи на метар квадратен
Властите, исто така, предупредуваат на удари на ветер со сила на урагани до 290 километри на час, поплави и високи бранови.Во следните 24 часа се очекуваат врнежи од 200 до 300 литри на метар квадратен. Во следните три дена може да наврнат вкупно и до 500 литри врнежи на метар квадратен, прогнозира метеоролошката управа.
Предупредуваат дека опасностите нема да стивнат со слабеење на циклонот. „Последиците од циклонот можат да бидат исто толку опасни како и самиот циклон. „Опасноста е предизвикана од оштетени згради, урнати далноводи и остатоци, па затоа е исклучително важно луѓето да останат во затворени простории додека не се променат предупредувањата“, изјави началникот на пожарната и спасувачката служба на WA, Дарен Клем, пренесува германската новинска агенција dpa.
Последниот тропски циклон од петта категорија што го премина западниот дел на Австралија беше циклонот Илса во април 2023 година.