Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговото одложување од 75 дена во спроведувањето на забраната за кинеската апликација за кратко видео Tик-Ток може да биде продолжено, но дека не мисли дека тоа ќе биде неопходно.
Говорејќи пред новинарите во Овалната соба, Трамп рече дека се надева дека ќе постигне договор со Тик-Ток за да ја задржи апликацијата активна во САД.
– Па, имам 90 дена од пред две недели и сигурен сум дека може да се продолжи. Но, да видиме. Мислам дека нема да биде потребно – рече Трамп.
Епл ќе ја врати апликацијата Тик-Ток, во сопственост на „Бајт денс“ (ByteDance), во ЕплСтор, по наредба на американскиот обвинител Пем Бонди, јави Блумберг.
Епл потврди дека апликацијата ќе биде повторно достапна од денеска.