Блејк Лајвли бара да се прегледа мобилниот на Џастин Балдони

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Драмата продолжува… Тимот адвокати на холивудската актерка Блејк Лајвли, која го иницираше скандалот околу филмот „ова завршува со нас“, испратил налози со кои бара пристап до податоците за мобилниот телефон на актерот и режисер Џастин Балдони, пишува ТМЗ. Нејзините адвокати бараат информации од три телефонски компании, надевајќи се дека ќе најдат нешто што ќе им помогне во нивниот случај против Балдони.

Покрај Џастин, тие сакаат да ги испитаат и телефоните на публицистите на Балдони, Џенифер Абел и Мелиса Нејтан, продуцентот на филмот „Ова завршува со нас“ Џејми Хит, кризниот менаџер Џед Валас и коосновачот на студиото на Балдони, Стив Саровиц.

Адвокатите на Лајвли, Мајк Готлиб и Есра Хадсон велат дека сакаат да ги „откријат луѓето, тактиките и методите кои се обидоа да ја уништат кариерата и угледот на Блејк Лајвли во текот на изминатата година“. Тие исто така веруваат дека Балдони и неговиот адвокат Брајан Фридман не биле транспарентни во презентирањето на информациите.

„Налозите се нормален дел од правниот процес. Она што не е нормално е информацијата што ја бара тимот на Блејк Лајвли. Тие ги бараат сите пораки, повици и други податоци за последните 2,5 години, без оглед на тоа со кого се допишувале и за што биле. Ова покажува дека очајно бараат нешто за да ги докажат своите тврдења“, го коментирал потегот Фридман

За потсетување, авторката на книгата „Ова завршува со на“ Колин Хувер, повторно го активираше својот профилна Инстаграм. Минатиот месец таа исчезна од социјалните мрежи, а сега ги избриша сите фотографии со Блејк Лајвли и од Џастин Балдони од нејзиниот повторно активиран профил. На профилот на Лајвли сè уште има фотографии со Колин.

 

Share This Article