Авион на американското воено воздухопловство кој го превезувал државниот секретар Марко Рубио во Минхен бил принуден да се врати во Вашингтон во четвртокот по механички проблем, изјави портпаролката на Стејт департментот Тами Брус.
„Државниот секретар има намера да го продолжи своето патување во Германија и на Блискиот Исток со друг авион“, рече Брус.
Сè уште не е јасно дали Рубио ќе може да стигне до состанокот со потпретседателот Џеј-Ди Венс и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, планиран за петок наутро на маргините на годишната Минхенска безбедносна конференција.
Механички проблем во C-32, преобразен Боинг 757, предизвикал пукнатина во шофершајбната на пилотската кабина, изјави американски официјален претставник, принудувајќи го авионот да се сврти 90 минути по полетувањето.
Авионот на Рубио безбедно слета во заедничката база Ендрјус недалеку од главниот град околу 22 часот по локално време. Тој полета околу 19:00 часот.