Background

Денеска нова средба на трговците и владата

Владата вчера не ја донесе одлуката за ограничување на маржите на 10% во трговијата на мало и големо што требаше да важи до 30 април и да опфати над 100 групи производи откако Стопанската комора на трговци на големо и мало вчера побара итна средба во врска со одлуката за ограничување на маржите.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера прифати да се сретне со претставници на Комората на трговци, на која е договорена уште една средба денеска по која ќе се знае што ќе преземе владата.

Предлог-одлуката подготвена од Министерството за економија, според најавите, требаше вчера да биде разгледана на итна седница.

- Advertisement -
Ad image

Донесувањето на ваква одлука од страна на владата беше најавена по извештајот од Државниот пазарен инспекторат, според кој кај трговците на мало е утврдено дека има над 20% маржа на основните прехранбени производи и над 30% маржа кај средствата за лична хигиена, додека кај увозниците и дистрибутерите се евидентирани повисоки маржи кои одат дури и до 50%.

До вчера требаше да се изврши и контрола кај производители на млеко, месо, млечни и месни производи.

Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалаци и тутун вчера побара итна средба со Владата со образложение дека ограничувањето на маржата за ќе предизвика затворање на  86 трговски фирми со 790 продавници и  гасење на 4.700 работни места.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖