Background

Вучиќ им порача на студентите дека се „странски платеници“

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска тврдеше дека студентските протести во неговата земја се всушност резултат на заговор поттикнат од странство, додека лидерот на босанските Срби Милорад Додик му даде безусловна поддршка, обвинувајќи ги студентите дека ја ослабуваат Србија.

Додик и Вучиќ организираа свечена академија во Бања Лука со цел заеднички да го одбележат Денот на српската државност, кој во Република Српска го прогласија за ден на својата државност, а таква одлука беше содржана и во декларацијата на т.н. сесрпски собор одржан во јуни 2024 година.

Собирот во Бања Лука беше организиран и како доказ дека оваа декларација се спроведува, а патувањето на Вучиќ во Босна и Херцеговина беше негово прво патување во странство откако започнаа масовните студентски протести против неговата влада во Србија, предизвикани од трагедијата во Нови Сад кога се урна настрешница во близина на железничката станица, при што загинаа 15 луѓе.

- Advertisement -
Ad image

Во говорот за време на церемонијата во Бања Лука, Вучиќ тврдеше дека тој и неговата влада постојано подаваат рака за соработка, дека на никаков начин не ја загрозуваат БиХ и ги почитуваат нејзините жртви, но не добиваат ништо за возврат.

Тој рече дека Србија сака само мир и стабилност, а БиХ е виновна затоа што наводно постојано се занимава со тоа кој ќе биде на власт во Белград.

Вучиќ рече дека изминатите 100 дена му биле многу тешки, иако не се плаши од можно губење на власта, но индиректно ги обвини студентите кои протестираат дека се „странски платеници“.

– Не можевме да поверуваме колку пари се дадени однадвор за да се смени власта во Србија – рече Вучиќ, заблагодарувајќи му се на Додик што „не ѝ го сврте грбот на Србија“ за разлика од другите познаници на кои се жалеше, велејќи дека од почетокот на протестите сè помалку контактираат со него.

Додик е меѓу ретките политичари кои додека траат протестите во Србија му изразија безусловна поддршка на Вучиќ, а тој ги осудува студентите обвинувајќи ги денеска дека ја ослабуваат Србија, наводно со поддршка на Англичаните, кои ги прогласи за најголеми непријатели на Србија.

Во својот говор, Додик му посака добредојде на Вучиќ во „државата на српскиот народ во РС“, велејќи дека е нормално тој ентитет и Србија да имаат ист ден на државност и истакна дека сите босански Срби го поддржуваат Вучиќ затоа што тој им ветил дека никогаш повеќе нема да бидат прогонувани во „какви било нови бури“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation