Супермоделката Бјанка Балти (40) се појави на втората вечер на фестивало Санремо, италијанскиот избор за песна на Евровизија.
Таа ги воодушеви гледачите со својот изглед, бидејќи Балти неодамна објави дека завршила со хемотерапијата, на која била подложена откако минатата година ѝ бил дијагностициран рак на јајниците.
Балти неодамна направи емотивна објава на социјалните мрежи, по повод Светскиот ден за борба против ракот, кој се одбележува на 4 февруари.
– На 8 септември 2024 година, во мојот живот дојде денот кога ракот, поточно ракот на јајниците. Тоа беше како смртна казна. Го започнав моето патување со хемотерапија на 14 октомври и тоа траеше до 27 јануари. Изненадувачки, во текот на овие неколку месеци се чувствував поживо од кога било досега – рече таа.
– Беше тешко, но се уште не е сосема готово. Но, никогаш не би избрала друг пат. Велат: „Она што не те убива, те прави посилен“. Од моето искуство можам да кажам: поради тоа што не ме уби, многу повеќе го сакам животот – сведочи Балти.