Меган Маркл, наводно, веќе го добила својот подарок за Денот на вљубените: Принцот Хари, се чини, ѝ подарил дијамантски обетки коишто се продаваат за 3.600 долари (3.460 евра), објави „Дејли мејл“.
Станува збор за обетки „Дајмонт каскејд“, изработени од дизајнерката на накит Маја Бренер. Тие се достапни во три варијанти на страницата на брендот. Да се купи една од овие обетки чини 1.800 долари. (1.730 евра).
Меган, инаку, и претходно носела накит од овој бренд – во 2017 година беше фотографирана како носи синџирче со буквите „Х“ и „M“. Бренер потоа, за списанието „Хело“ (Hello!), рече дека, наводно – „се плашела“ дека тоа ќе предизвика лавина од нарачки.
– Тоа е како машинерија во Лас Вегас… Ја повлекуваш рачката и сè почнува да се врти. Веќе можев да видам куп нарачки како пристигнуваат. Бев возбудена што таа го носеше мојот накит, но бев и претпазлива. Сè тоа го правиме рачно и знаев дека не можам да ги преземам сите тие нарачки бидејќи можеби нема да можам да ги исполнам – изјави дизајнерката.
Накитот на Маја Бренер е популарен меѓу завиден број познати личности. Дизајнерката има 163.000 следачи на својот профил на Инстаграм, па таа се фали со: Рита Ора, Синтија Бејли, Деми Мур, Клои Симс, Џенет Џексон и Синтија Ериво меѓу познатите имиња кои се нејзини купувачи и купувачки.