Стејт департментот планира годинава да потроши 400 милиони долари на „оклопни електрични“ возила од марката „Тесла“ чиј сопственик е милијардерот Илон Маск актуелен функционер во администрацијата на Трамп задолжен за намалување на трошоците на американската администрација, објави Independent.
Договорот, според планот треба да биде финализиран во четвртиот квартал.
Маск доби критики за конфликт на интереси по објавата на информацијата за најавената зделка на Стејт департментот.
„Ова е она што тие го нарекуваат ефикасност“?, саркастично праша поранешниот советник за етика во Белата куќа и професор по право Ричард Пејнтер во објавата на X.
По реакцијата, онлајн прогнозата за договорот беше изменета за да се отстрани зборот „Тесла“ и едноставно се однесуваше на „оклопни електрични возила“ во вредност од 400 милиони долари.
Дел од парите ќе одат за фирми кои ги надградуваат возилата „Тесла“, како што е Армормакс, компанија во Огден, Јута.
Стејт департментот, исто така, планира да купи помал број блиндирани возила од други добавувачи, според прогнозата за набавка, вклучително и СУВ на БМВ во вредност од 40 милиони долари.
Маск потроши повеќе од 250 милиони долари за да помогне да се избере Трамп, кој потоа го назначи за водач на иницијативата за намалување на трошоците наречена Оддел за владина ефикасност.