Градежните компании лани во периодот јануари – декември договориле работа во странство во вкупна
вредност од 357.595.000 денари, што е за 55.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во наведениот период, градежната оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 192.519.000 денари, што е за 6.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Лани градежниците работеле во Германија, Црна Гора, Данска, Албанија, Бугарија, БиХ, Чешка и во Србија.
Споредбата со претходната година покажува дека најголем ангажман градежниците имале во Германија, сепак нивниот приход од ангажманот во оваа земја е намален за 17,8%. Во затоа, пак, вредноста на реализираните проекти во Чешка на нашите градежници е зголемена за 169,7%.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
