Безбедноста за време на ноќни прошетки е еден од клучните показатели за квалитетот на живот во една земја. Според најновата листа објавена од „World of statistics“, Македонија се наоѓа на 17. место и се смета за „релативно безбедна“ во овој поглед.
На врвот на листата, како најбезбедна земја во светот за движење во ноќните часови е Хрватска, која ја предводи групата на земји каде граѓаните најмалку стравуваат од напади или криминални инциденти. По неа следуваат Словенија, Исланд, Грузија, Швајцарија и Чешка – земји познати по стабилните безбедносни политики и ниските стапки на насилни злосторства.
Македонија, иако не е меѓу најбезбедните земји, сепак се рангира повисоко од многу развиени европски држави. Нашата земја е оценета како „релативно безбедна“, што значи дека во поголемиот дел од градовите граѓаните можат да се движат без страв, но сепак постојат одредени ризици.
На крајот од оваа листа, како најнебезбедна земја за ноќни прошетки, се наоѓа Франција, која во последните години се соочува со зголемен број на инциденти, криминални активности и улично насилство.
Покрај Франција, меѓу најризичните земји се и Белорусија, Белгија, Обединетото Кралство, како и Шведска, која се наоѓа на 37. место од вкупно 41 земја.
Иако рангирањето на Македонија на оваа листа покажува дека ситуацијата не е алармантна, сепак безбедноста зависи од многу фактори, како што се градот, населбата, времето од ноќта и личните мерки на претпазливост.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
