Background

СО БРУТО МАРЖА ОД 10% КЛУЧ НА ВРАТА ЗА 86 ФИРМИ, А 4.500 РАБОТНИЦИ ЌЕ ОСТАНАТ НА УЛИЦА

Реализирањето на најавата за  ограничување на маржите на 10 % за основните прехранбени производи, детергентите и бебешката храна до 30 април ќе го доведат во прашање опстанокот на 86 трговски фирми  и 4.700 вработени, велат од Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалаци и тутун.

Комората, основана пред 3 дена, бара средба со владата, за да ги презентира своите аргументи за сегашната состојба, пред да се донесе најавената одлука.

– Со ваква маржа нема да можеме да опстоиме. Ќе мора да донесуваме и рестриктивни одлуки, за отпуштање на нашите вработени и за реструктурирање на работењето и затворање на маркетите. Штетите ќе бидат големи, бидејќи во прашање се доведува опстојувањето на 86 трговски фирми, со 790 продавници и 4700 вработени. Овие податоци, треба да ја загрижат и Владата- велат од Комората.

- Advertisement -
Ad image

Оттаму додаваат дека во своето работење имаат високи трошоци, што дополнително ќе влијае на нивниот опстанок.

– Нашето опстојување е оптоварено и со останатите давачки. Nа пример, цената на електричната енергија јануари 2024 – јануари 2025 е зголемена за 72%, за дистрибуција 25%. Платите во 2024 година, споредено со 2023 година, се зголемени околу 20%, а од март ќе има ново покачување. Освен овие, да ги споменеме и другите комунални давачки и сервисирањето на опремата со која работиме. Сите овие оптоварувања, немаме можност да ги издржиме со бруто-маржа од 10%, односно нема да можеме стоката да ја ставиме на рафт, а не пак да ги услужуваме нашите потрошувачи. Со 10% бруто-маржа не можеме да ги покриеме оперативните трошоци, кои се движат од 15 до 20% – велат од Комората.

Комората предлага да се земат предвид и анализите, кои покажаа дека маркетите не се одговорни за зголемувањето на цените, туку ценовната политика што ја водат  доставувачите и производителите.

– Ние никогаш не ги зголемуваме цените самостојно, туку промената се случува поради промените на цените на производителите или на доставувачите и токму поради ова маркетите се под постојан притисок да се прифатат новите ценовници. Доколку тоа не се направи, не им се испорачуваат производите – велат од Комората.

Според податоците на Комората, само во јануари до маркетите се пристигнати нови ценовници од над 40 доставувачи и производители во 92 категории и поткатегории производи.

– Профитната маржа кај маркетите од година во година опаѓа, а кај нив се зголемува. Ако се погледнат бројките, се гледа и вистината, дека супермаркетите не се причината за зголемените цени. Додека трговците работат со минимални профити, доставувачите продолжуваат да остваруваат значителни маржи, без да ги намалат цените – велат трговците.

Од Комората велат дека не сакаат да преземат радикални мерки, протести, блокади и слично, бидејќи станува збое за сериозни и посветени стопанственици, со долгогодишно постоење и работење во секторот трговија. Тие само бараат итна средба со Владата, со цел да ги образложат состојбите.

– Имаме пазарна економија и цените се формираат во зависност од понудата и побарувачката. Ако има зголемена понуда, цените самите се намалуваат, без да интервенира Владата. А за да се зголеми понудата, треба да се зголеми производството – заклучуваат од Комората.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation