Background

Убиецот ги задавил поранешната сопруга и својот син

Полицијата во Босна и Херцеговина трага по Емир Селимовиќ, кој е осомничен дека синоќа во Калесија ги убил сопругата и 13-годишниот син. Обвинителството на кантонот Тузла (ТК) го објави грозоморното двојно убиство во Калесија, од кое е потврдено дека смртта на 37-годишната Инела Селимовиќ и на нејзиниот 13-годишен син била предизвикана од задушување, а наредена е обдукција, објави порталот Кликс.

Не се знае дали Селимовиќ, по кого трага полицијата, е вооружен.

– Синоќа полициски службеници од Управата за внатрешни работи на кантон Тузла, ПС Калесија, по пријава и со одобрение од кантоналниот обвинител и од судијата на Општинскиот суд, насилно влегле во стан во Калесија каде што пронашле безживотни тела на жена и на дете. Секторот на Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон презема понатамошни активности – изјави портпаролката на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла, Аднана Спречиќ.

- Advertisement -
Ad image

Дежурниот обвинител и истражителите од Секторот за криминалистичка полиција на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Тузла синоќа извршија увид на местото на злосторството во семеен стан во Калесија каде што беа пронајдени двете безживотни тела, на 37-годишна жена и на нејзиниот тринаесетгодишен син.

„Човекот, осомничен за двојно убиство, во моментов е во бегство и по него се трага“, се вели во соопштението на Обвинителството.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation