Украина мора да биде „тесно вклучена“ во какви било мировни преговори во кои е вклучена земјата и секој договор мора да биде „одржлив“, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
„Кога зборуваме за Украина, од клучно значење е Украина да биде тесно вклучена во сè што се однесува на Украина“, им рече Руте на новинарите, еден ден по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
Американскиот претседател го информираше украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговиот разговор со Путин.
Од своја страна, Владимир Путин му рекол на Доналд Трамп дека сака да најде „долгорочно решение“ за украинскиот конфликт преку „мировни преговори“, соопшти Кремљ.