Најголемиот снежен лавиринт во светот, кој се наоѓа во полскиот град Закопане, моментално се бори со недостаток на снег, јавува Anadolu. Фотографиите од воздух покажуваат дека околу лавиринтот нема снежна покривка.
Лавиринтот е изграден во текот на 2015 и 2016 година на површина од 2.500 метри квадратни, а подоцна е проширен на 3.000 метри квадратни. Овој интересен објект привлекува голем број граѓани и туристи.
Закопане е град во јужна Полска, кој се наоѓа на самата граница на Националниот парк Татра, кој исто така се протега низ соседна Словачка. Ридовите над Закопане се омилена дестинација за целогодишни екскурзии, додека во зима овој дел од зелените Татри станува популарен скијачки центар и бајковитиот Snowlandia – зимски тематски парк со бројни креативни атракции, во кои секој може да ужива, без разлика на возраста.
Сноуландија е изградена како зимски тематски парк наменет да ги забавува туристите и посетителите на Закопане. Паркот се наоѓа под меѓународната ски скокалница Wielka Krokiew.
Иако Закопане е зимска престолнина на Полска, во текот на зимската сезона има се помалку снежни врнежи, а температурите се над нулата, што го отежнува зимскиот туризам.
Tagged as:
Најголемиот снежен лавиринт на светот се соочува со недостиг од снег
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
