Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, денеска ќе објави голема програма за изградба на „нови градови“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, денеска ќе објави голема програма за изградба на „нови градови“, што се смета како најголемата програма од Втората светска војна, па наваму, со цел да се надмине тешката станбена криза во Велика Британија, објави веб-страницата на Владата на Велика Британија.

Лабуристичката Влада, која дојде на власт во јули минатата година, планира да изгради 1,5 милиони домови до 2030 година.

Стармер ќе посети градилиште за да ги претстави плановите на неговата влада за „следната генерација нови градови“ – населби што се „добро дизајнирани, убави, со прифатливи станови, лекарски ординации, училишта и со јавен превоз“.

– Таа програма ќе се имплементира по „деценискиот пад во изградбата на станови – рече лидерот на лабуристите.

Стармер вети дека „стотици илјади работници и семејства“ низ целата земја ќе имаат корист од таа програма.

Тековниот план беше инспириран од програмата на лабуристичката влада од доцните 1940-ти за изградба на нови урбани области за да се олесни недостигот на станови по Втората светска војна. Веќе неколку години, Британија се соочува со станбена криза бидејќи понудата не успева да ја задоволи растечката побарувачка.

Според Даунинг стрит, во Англија се одредени над 100 локации за изградба на такви „нови градови“, со потенцијал да се изградат најмалку 10.000 домови.

Share This Article