„Имав значаен разговор со претседателот Трамп“.
Вака соопшти украинскиот претседатле Володимир Зеленски по телефонската врска со американскиот колега. Тој додаде дека Трамп споделил детали од неговиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
– Никој не сака мир повеќе од Украина. Заедно со САД ги утврдуваме следните чекори за запирање на руската агресија и обезбедување траен и стабилен мир. Како што рече претседателот Трамп, „ајде да го направиме тоа“ – истакна Зеленски.
Двајцата претседатели „разговараа за можностите за постигнување мир“ и „ја потврдија подготвеноста за соработка на ниво на тимови“, се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет.
– Му благодарам на претседателот Трамп за неговиот интерес и за тоа што можеме да постигнеме заедно – додаде Зеленски.
Од своја страна, Трамп го оквалификува разговорот со Зеленски како „многу добар“.