Европските дипломати реагираа, бараат да бидат вклучени во преговорите

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Портпаролката на Доналд Трамп го откри најважниот детаљ од разговорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

На прашањето дали некои европски земји ќе бидат вклучени во мировните преговори, портпаролката на Белата куќа Каролин Левит одговори: „Во моментов, ниедна европска земја не е вклучена“.

Европските сили, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Германија, во средата нагласија дека мора да бидат дел од какви било идни преговори за судбината на Украина, нагласувајќи дека само фер договор со безбедносни гаранции може да обезбеди траен мир.

„Нашите заеднички цели треба да вклучуваат ставање на Украина во позиција на сила. Украина и Европа мора да бидат дел од какви било преговори“, се вели во заедничката изјава на седумте земји и Европската комисија.

Пораката преку заедничко соопштение ја испратија шефовите на дипломатиите на Франција, Германија, Полска, Шпанија, Италија и Велика Британија кои се состанаа во Париз по телефонскиот разговор меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, кои се согласија „веднаш“ да започнат непосредни преговори за Украина.

Пораката на дипломатите доаѓа откако Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во блиска иднина би можел да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Саудиска Арабија.

По средбата тие објавија заедничко соопштение во кое велат дека се подготвени да ја зголемата поддршката за Украина, како и дека се обврзуваат на зачувување на нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет во однос на руската агресија.

„Ја споделуваме целта да продолжиме да ја поддржуваме Украина додека не се постигне праведен, сеопфатен и траен мир. Мир кој ги гарантира интересите на Украина, како и нашите сопствени. Со нетрпение очекуваме да разговараме за патот напред заедно со нашите американски сојузници. Нашите заеднички цели треба да бидат да ја ставиме Украина во силна позиција. Украина и Европа мора да бидат дел од какви било преговори. На Украина треба да ѝ се обезбедат силни безбедносни гаранции. Праведен и траен мир во Украина е неопходен услов за силна трансатлантска безбедност. Потсетуваме дека безбедноста на европскиот континент е наша заедничка одговорност. Затоа, работиме заедно на зајакнување на нашите колективни одбранбени способности“, се вели во соопштението по состанокот.

Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Шикорски изјави дека Полска ќе продолжи непоколебливо да ја поддржува Украина и најави засилување на санкциите кон Москва пред потенцијалните мировни преговори.

- Advertisement -
Ad image

Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ноел Баро, изјави дека не може да има праведен и траен мир во Украина без учество на Европејците, додека неговите колеги, германската министерка Аналена Бербок и шпанскиот министер Хозе Мануел Албарес Буено, истакнаа дека „ниту една одлука за Украина не може да биде донесена без Украина“.

– Станува збор за суверена земја со демократски избрана влада. Дополнително, ништо што влијае на европската безбедност, а руската агресија директно ја загрозува европската безбедност, не може да се реши без Европа – рече Албарес Буено.

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок повтори дека „нема одлука за Украина без Украина“ и нагласи дека Европа мора да остане обединета.

- Advertisement -
Ad image

Состанокот во Париз се одржа по телефонскиот разговор меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, кој траел повеќе од еден час.

Трамп имал „долг и продуктивен разговор“ со Путин – се согласиле веднаш да почнат мировни преговори за Украина

Двајцата претседатели, како што соопшти Трамп се согласиле „веднаш“ да започнат преговори за завршување на конфликтот во Украина. Непосредно по разговорот со Путин, Трамп имаше разговор и со украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Share This Article