Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека сака веднаш да го затвори федералното Министерство за образование.
Тој минатата недела рече дека би сакал да го затвори федералното Министерство за образование со извршна наредба, но призна дека ќе му треба поддршка од Конгресот и образовните синдикати за да го исполни своето предизборно ветување.
Во неговите први недели во Белата куќа, Трамп спроведе огромни промени во американската администрација, барајќи од федералните вработени да се вратат на работа или да дадат отказ, барајќи намалување на трошоците и работните места, како и обид за затворање на владини агенции како Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).