Шансите за удар од астероидот 2024 YR4 на Земјата се удвоени, но сè уште имаме време да се подготвиме за траекторијата и таа е таква што имаме добри шанси да се справиме со неа, пишува Научен Аларм.
Астероидот беше откриен кон крајот на минатата година, а она што ги наведе научниците да се премислат за шансите за удар се 1.000 симулации на траекторијата од кои 23 се покажале како фатални за Земјата. Тоа значи дека шансите за удар во 2032 година се само 2,3%.
Астеоридот би нè одминал на 240.000 километри, што е во домен на орбитата на Месечината, но тоа не се смета за опасно блиску.
– Дури и да се случи апсолутното најлошото сценарио, овој астероид не е доволно голем за да предизвика настан како изумирање. Најлошото сценарио е удар на Земјата, во густо населена област - објаснуваат астрономите.
Би требало, како што велат, да ги евакуираме луѓето од ризичната зона, но би имале неколку години за тоа. На овој начин би ги намалиле можните последици на најниско ниво.
Шансите може значително да се зголемат повторно кога ќе наближува астероидот, но најверојатниот исход е дека тие на крајот ќе паднат на нула.