Го имитираше татка си, го изнервира ли и Трамп?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Имитирајќи го својот татко милијардер и чепкајќи си го носот во Овалната соба, четиригодишниот син на Илон Маск го украде шоуто на прес-конференцијата во вторникот со претседателот Доналд Трамп, пишува британски „Индепендент“.

Маск пред новинарите ги бранеше потезите на администрацијата на Трамп во федералната влада и указот за ограничувањето на трошоците велејќи дека  САД ќе банкротитраат без кратења на федералните трошоци. Тој негираше дека извршил непријателско преземање на извршната власт, за што го прозваа некои критичари.

Додека Маск одговараше на прашањата, неговиот син, кој го носи чудното име X Æ A-Xii, му го одвлекуваше вниманието со тоа што правеше гримаси, се припиваше за рамениците на неговиот татко и го прекинуваше.

 

 

На една од снимките се чини дека момчето го брише носот од бирото на кое седи претседателот Трамп. Бирото „Резолут“ му било подарено на американскиот претседател Радерфорд Хејс од британската кралица Викторија во далечната 1880 година и оттогаш го користат сите американски претседатели.

„Само Илон Маск може да направи прес-конференцијата во Овалната канцеларија да изгледа како лежерно семејно дружење!“, напиша еден поддржувач на Трамп на Икс.

„Детето на Елон Маск го украде шоуто во Овалната соба денеска“, коментираше друг корисник.

Милијардерот досега го носеше својот син на неколку политички настани, вклучително и на инаугурацијата на Трамп на 20 јануари и на живиот пренос на изборната ноќ минатиот ноември.

- Advertisement -
Ad image

Се чини дека на Трамп не му пречеше да биде вознемирен ниту еднаш и го опиша синот на Маск како поединец со висок коефициент на интелигенција.

Во врска со обвинувањата на критичарите за указот за намалување на трошоците, Трамп изјави дека Одделот за владина ефикасност ДОГЕ кој го води Маск веќе открил милијарди и милијарди долари потрошени пари, измами и злоупотреба, додавајќи дека конечната проценка може да достигне близу трилион долари.

Share This Article