Полицијата вчера, како дел од континуираните контроли, изрече 864 платни налози, од кои 465 беа успешно наплатени. Најголемиот број прекршоци беа поврзани со непочитување на брзинските лимити и непрописно паркирање, соодветно 262 и 201 казни.
Статистиката покажува дека 67 лица управувале возила без возачки дозволи, додека 49 случаи се однесувале на некористење сигурносен појас и 36 на користење мобилен телефон при возење.
Полициските служби исто така регистрираа 21 прекршок меѓу пешаците и 7 случаи на возачи со недозволено ниво на алкохол во крвта. Во рамки на Скопје беа изречени најголемиот број санкции, што е очекувано со оглед на фрекфентноста на сообраќајот во главниот град.
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли, имајќи за цел да го подобри патниот ред и да го намали бројот на сообраќајни несреќи во државата.
Инаку во текот на минатата година, Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе над деведесет едукативно-превентивни активности за подобрување на безбедноста на сообраќајот, како дел од соработката со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот и други институции. Меѓу нив се вклучени кампањи, трибини и работилници, како и редовни сообраќајни поуки за возачи, кои се одржани во полициските станици. Целта на овие активности е да се подигне општата свесност за безбедноста на патиштата во земјата.