И.А. (66) од селото Горно Строгомиште го загуби животот откако беше прегазен од автомобил синоќа на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на селото Колибари.
Трагедијата се случила околу 23:15 часот, кога патничко возило „Рено Меган“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот Р.И., удрило во пешакот, информираа од полицијата.
– Веднаш по пријавата, на местото излезе медицински тим, но лекарите само ја констатираа смртта на пешакот – изјавија од полицијата.
Екипа од ОВР Кичево извршила увид на местото на несреќата, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.