Околу претстојниот Ден на вљубените, цените на чоколадните задоволства се очекува да се зголемат за околу 10 до 20% во споредба со минатата година

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Околу претстојниот Ден на вљубените, цените на чоколадните задоволства се очекува да се зголемат за околу 10 до 20% во споредба со минатата година, а причината е што какаото поскапи повеќе од двојно од почетокот на 2024 година, изјави денеска Дејвид Бранч, секторски менаџер во Агро-хранливиот институт „Велс Фарго“.

Швајцарската компанија за чоколадо и кондиторски производи Линдт изјави дека 2024 година е „година предизвикувачка која се карактеризира со рекордно високи трошоци за какао и значително зголемување на цените“, што ја поттикна да ги зголеми цените, со очекување дека овој тренд ќе продолжи и во 2025 година, објави Си-Ен-Ен.

Од друга страна, американската мултинационална кондиторска компанија „Хершис“ изјави дека купува какао речиси една година однапред, така што цените на чоколадото во продавниците за време на овој Ден на вљубените нема да бидат засегнати од најновите поскапувања на какаото.

Какаото во декември достигна пазарна цена од рекордни 12.646 долари за тон.

Ова првенствено се должи на лошите временски услови во Западна Африка, најважниот регион за какаото, што го отежнуваше производството на главната суровина за правење чоколадо.

Според Индексот на цените на производителите (PPI), трошоците за производство на чоколада се зголемени за повеќе од 167% во последните две години.

Share This Article