Илон Маск се појави во Овалната соба на американскиот претседател Доналд Трамп, каде пред новинарите ги бранеше потезите на администрацијата на Трамп во федералната влада и ограничувањето на трошоците.
– САД ќе банкротитраат без кратења на федералните трошоци – изјави Маск.
Маск, кој ги предводи напорите под новосоздадениот Департмент за ефикасност на владата (DOGE), разговараше во Белата куќа со Трамп. Нивното заедничко појавување дојде кога Трамп потпиша извршна наредба со нови насоки за федералните агенции за спроведување на иницијативата на Министерството за владина ефикасност (DOGE), за која Маск и Трамп тврдат дека има за цел да ги намали прекумерните владини трошоци.
Трамп изјави дека DOGE веќе откри „милијарди и милијарди долари потрошени пари, измами и злоупотреба“, додавајќи дека конечната проценка може да достигне „близу трилион долари“. Сепак, ниту Трамп ниту Маск не објаснија како стигнале до овие бројки.
Наредбата на Трамп поставува нови детали за соработката на владините агенции со DOGE за намалување на големината на федералната работна сила и ги повикува лидерите на агенциите „веднаш да започнат со подготовки за масовни намалувања на вработените“. Наредбата не прецизираше колку работни места ќе бидат укинати.
Тој, исто така, поставува нови насоки за вработување, наведувајќи дека секоја агенција може да вработи по еден нов вработен на секои четворица што ќе ја напуштат својата работа. Менаџерите на агенцијата мора да се консултираат со „Водачот на тимот на DOGE“ пред да одобрат вработување.
Овие промени не се однесуваат на воениот персонал, а исклучоци се предвидени за позиции поврзани со „националната безбедност, домашната безбедност и јавната безбедност“.