Пари Сен Жермен одржал ненадејни разговори со луѓето околу Винисиус Жуниор, откако Бразилецот ја одбил понудата за нов договор од Реал Мадрид, пишува „Скај Спортс“.
По преговорите помеѓу Реал и претставниците на 24-годишниот Винисиус пред околу две недели, не бил постигнат договор, а играчот ја одбил првичната понуда за продолжување на договорот, бидејќи очекува подобри финансиски услови од клубот.
Францускиот шампион ја следи ситуацијата околу Бразилецот и може да направи и официјално барање доколку Реал Мадрид не ги исполни барањата на Винисиус.
Актуелниот договор на бразилскиот интернационалец со европскиот клупски шампион е до јуни 2027 година, но шпанските медиуми јавуваат дека расте тензијата околу играчот во соблекувалната на тимот.
Винисиус Жуниор вечерва ќе има можност да му ја докаже важноста на Реал Мадрид на првиот натпревар против Манчестер Сити во плејофот од Лигата на шампионите во Англија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
