Background

Нови студентски протестни маршеви во Србија

Студенти од српскиот град Ниш утринава пеш тргнаа кон Крагуевац, централна Србија, каде в сабота ќе се одржи уште еден протест со барање одговорност за уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад минатата година, во која животот го загубија 15 лица, јавуваат српските медиуми.

Во исто време, група студенти од Нови Сад и Белград пешачеа и 150-километарската рута од главниот град на Србија до четвртиот по големина српски град.

Претходно оваа година, студенти од Белград патуваа околу 80 километри до Нови Сад во текот на два дена за да се приклучат на блокадата на мостовите во северниот српски град по повод три месеци од трагедијата во Нови Сад.

- Advertisement -
Ad image

Студенти од цела Србија повеќе од два месеци ги блокираат универзитетите и организираат протести со барање да се утврди кој е одговорен за уривањето на настрешницата во Нови Сад и институциите да почнат да си ја вршат својата работа.

Движењето предводено од студентите доведе до оставка на премиерот Милош Вучевиќ, а пред него оставки поднесоа двајца министри.

Студентите, професорите и деканите на факултетот одбиваат да учествуваат во разговорите со владата, бидејќи сметаат дека не се надлежни да ги решат нивните барања, кои првенствено се насочени кон обвинителството и судството.

Синоќа група студенти од Нови Сад пристигнаа во Белград со трчање. Во главниот град на Србија беа пречекани со црвен тепих и огномет.

Денеска во Белград, пред Министерството за образование, студентите од Факултетот за театарска уметност ќе одржат отворен час „Ви држиме предавање – протест за образованието“, соопшти српската редакција на регионалниот телевизиски канал Н1.

Театарските работници денеска се собираат пред храмот Свети Сава во Белград на протестен марш под наслов „Патувачки театар“, кој ќе помине покрај сите театри во главниот град на Србија. Маршот ќе заврши пред Министерството за труд, вработување и социјала.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation