Сиљановска Давкова очекува оставки од членовите на Судскиот совет

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува членовите на Судскиот совет да поднесат оставки.

Според неа, по интерпелациите на 5-те члена што ги избира Собранието, кои се извесни дека ќе бидат изгласани, тие би требало да покажат доблест и да си дадат оставки.

– Јас одамна, можеби меѓу првите, заедно со Коалицијата за правично судење, укажав на можноста од интерпелација. Точно е дека механизмот интерпелација во компаративното уставно право се однесува на одговорноста на министрите, но, нашиот Устав го познава и за сите избрани и именувани функционери. Првиот чекор беше неприфаќањето на годишниот извештај од Судскиот совет, што е веќе еден чекор на делегитимирање на Судскиот совет. Вториот чекор е интерпелацијата. Ако по почетокот судиме за завршетокот, јасен е резултатот, бидејќи 67 пратеници застанаа зад иницијативата, а мнозинството е 61. Значи, однапред се знае резултатот – рече претседателката Сиљановска Давкова.

Македонскиот  парадокс е што интерпелацијата нема завршница, додаде таа.

Според неа, во Судскиот совет мора да има одговорност.

– Тој што ве бира, тој ве контролира и може да ве разреши – рече претседателката.

Таа напомена дека многу од сегашните членови на Судскиот совет кои ги избира Собранието, а кои се предлагаат од редовите на истакнати правници, не ги исполнуваат законските услови.

– Ако го препрочитате Законот за Судски совет ќе видите дека многу од сегашните членови не ги исполнуваат дури ни оние услови што се запишани таму, а што треба да бидат гаранција за истакнатост, од типот на 15-годишно искуство во правната сфера, докажаност, професори, стручност, компетентност… Многу повеќе некако кај многу од нив личи придавката партизирани, политизирани. Ако се вратиме назад, на генезата на проблемот со Судскиот совет, веднаш ќе заклучиме дека во судството, особено во Судскиот совет, што како микроскоп ја следи работата на судиите, ги именува и разрешува, мора да има и голема доза на одговорност, а одговорноста е врзана за етиката. Мојот предлог тогаш беше дека одговорни членови на Судски совет веднаш би поднеле оставка по скандалите што се случуваа, а тие таму се избрани, не за да бидат судски скандал мајстори, туку за да оневзоможуват какво било скандализирање на независната судска власт. Еве, уште очекувам да бидат доблесни и да го сторат тоа. Ако на ова го додадете и процентот на граѓани кои не веруваат во Судскиот совет, јасно ќе биде дека ова е апел до моралот, до етиката на судиите – истакна претседателката Сиљановска Давкова.

Според Сиљановска Давкова, треба да има законски механизми што ќе овозможат да се регрутираат најдобрите во ваквите тела.

- Advertisement -
Ad image

Претседателката не верува во податоците со кои излегоа судиите, дека довербата на граѓаните во судството е 20 отсто.

Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ на 7 февруари поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет кои се бираат од страна на Собранието. Интерпелацијата е за Весна Дамева, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска и Селим Адеми.

Share This Article