Српската пејачка Јелена Карлеуша повеќе не е на Инстаграм. Нејзиниот профил, на кој секојдневно објавуваше фотографии и видеа повеќе не е достапен, а засега не е позната причината за исклучувањето на профилот.
Карлеуша сè уште не се огласила за ситуацијата и не е познато дали профилот е отстранет поради прекршување на правилата на платформата, хакерски напад или пак, пејачката самата одлучила да го деактивира.
Јелена претходно објави серија стории и одговори на луѓето кои се обидуваат да го затворат нејзиниот Инстаграм. На едната таа објави фотографија на која има круна на главата.
„Јас сум најубавата, најпопуларната, најправедната, најхрабрата и највлијателната, додека трпеливо чекам орда ботови да ми го затворат Инстаграм (а тие се неспособни и небитни)“, напиша пејачката.
Инаку, Карлеуша на Инстаграм ја следеа повеќе од 2,4 милиони луѓе и беше еден од најследените инстаграм-профили од Балканот.