Советот на јавни обвинители едногласно ја назначи обвинителката Наташа Крстевска Цалева за вршител на должноста шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје, поради оддалечувањето на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи.
Одлуката беше донесена по предлог на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој нагласи дека Крстевска Цалева ги исполнува сите услови за раководење со Обвинителството.
Хајрулахи е оддалечен од функцијата поради тоа што против него се води кривична постапка, а истовремено е поднесен предлог за дисциплинска постапка поради неправилности во работењето.