Никој нема овластување да ги протера жителите на Појасот Газа, од територијата зафатена од војна, рече синоќа претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, отфрлајќи го планот на неговиот американски колега Доналд Трамп да ги протера Палестинците и САД да ја преземат контролата.
– Никој нема овластување да го измести народот на Газа од нивната вечна татковина која постои илјадници години – рече Ердоган на прес-конференција на аеродромот во Истанбул пред да замине за Малезија.
Ердоган додаде дека Појасот Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим им припаѓаат на Палестинците.