Филаделфија ја прекина серијата од два трофеи по ред на Канзас Сити во Супербол и ја освои својата прва титула во НФЛ од 2017 година.
Педесет и деветтиот Супербол се одржа во Њу Ореланс ноќта 9 кон 10 февруари по македонско време.
Иглс победија со 40:22 и стигнаа до својот втор трофеј во ова натпреварување.
Квотербекот на Филаделфија Иглс, Џејлен Хертс, е прогласен за најдобар играч на Супербол.
Дваесет и шестгодишниот Американец постигна два тачдаун и освои 221 јарди.
За време на паузата од натпреварот се одржа традиционално шоу на кое настапи американскиот рапер Кендрик Ламар со учество на пејачката СЗА.
Реклама од 30 секунди за време на тв преносот чинеше осум милиони долари. Билетите се продаваа по цена од 2.800 до 20.000 долари.
На најважниот натпревар во американскиот фудбал присуствуваше и Доналд Трамп кој стана првиот актуелен американски претседател во историјата што во живо од трибините го следел Суперболот.
фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER