Шпанецот Карлос Алкараз попладнево го победи Австралиецот Алекс Де Минаур во финалето на тенискиот АТП турнир во Ротердам, Холандија.
Мечот траеше безмалку два часа и заврши со резултат 2:1, по сетови 6:4, 3:6 и 6:2.
Шпанецот по голема борба успеа да го освои првиот сет. Направи брејк во третиот гем, но Де Минор возврати во осмиот за израмнување на 4:4. Сепак, Австралиецот не успеа да го потврди брејкот, бидејќи Алкараз го зеде следниот гем, по што славеше со 6:4 и на тој начин поведе со 1:0.
Де Минор одигра многу подобро во вториот сет, во кој направи само еден брејк, но тоа беше доволно за да победи со 6:3 и со тоа да го израмни мечот. Сепак, сета своја доминација Алкараз ја покажа во последниот трет сет, победувајќи со 6:2 и со тоа освои нова титула во кариерата.
Шпанецот на тој начин го симна од тронот Јаник Синер, кој минатата година славеше во Ротердам.
За 21-годишниот Алкараз ова беше 17-та титула во кариерата.