Зеленски бара поостри санкции за Кремљ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украинската армија соопшти дека соборила 70 од вкупно 151 дрон, истрелани од Русија кон Украина, додека, пак, 74 руски беспилотни летала не ја постигнале целта.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека во текот на изминатата недела Русија фрлила над 1.260 бомби и лансирала речиси 760 беспилотни летала, како и повеќе од 10 балистички ракети од различен тип.

Тој додаде дека руското воено производство се потпира на шеми за избегнување на санкциите, високите цени на нафтата, недоволниот број ракети со долг дострел и на беспилотните летала во украинскиот арсенал.

– Ние сме им благодарни на сите партнери кои ги заоструваат санкциите, но потребни се поголеми меѓународни напори за намалување на капацитетот на руската нафтена индустрија – посочи Зеленски, додавајќи дека Украина ќе го зголеми производството на ракети и дронови и ги повика сите партнери да инвестираат во украинската одбранбена индустрија.

Во меѓувреме руското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа се соборени 35 дронови, речиси половината од нив се уништени над областа Курск, а останатите се пресретнати над различни региони во западна и во јужна Русија, соопшти Министерството за одбрана во Москва.

Share This Article