Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, при вчерашната посета на Министерството за одбрана по повод одбележувањето на 77-годишнината од формирањето на севернокорејските вооружени сили, најави развивање на севернокорејските нуклеарни сили.
Тој истакна дека САД се виновни за сите конфликти и крвопролевања во светот и најави развивање на севернокорејските нуклеарни сили.
Според него американските нуклеарни стратешки средства, распоредени на Корејскиот Полуостров, како и заедничките воени вежби на САД, Јапонија и Јужна Кореја доведуваат до „нови конфликтни структури“, што претставува голем предизвик за Пјонгјанг.
Ким ги обвини САД и за војната помеѓу Русија и Украина, потенцирајќи оти севернокорејската армија и народ непрекинато ја поддржува борбата на рускиот народ за „одбрана на своите суверенитет, безбедност и територијален интегритет“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, пред 2 дена, по средбата со премиерот на Јапонија, на која беше изразена загриженост за нуклеарната програма на Пјонгјанг, истакна дека ќе воспостави односи со Северна Кореја.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
