Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги повика сите Срби од Косово утре да учествуваат на косовските парламентарни избори.
Вучиќ рече дека на Србите не треба да им биде тешко да патуваат во Косово со автомобили или автобуси и да гласаат за Српската листа, бидејќи таа партија, како што рече, е единствената гаранција дека косовскиот премиер Албин Курти нема да ги протера Србите.
– Српската листа не може да ја поткупат Курти и оние од светот – рече Вучиќ.
За утре се закажани парламентарни избори во Косово.