Холивудската ѕвезда Хју Џекмен (56) планира да се ожени со својата девојка, актерката Сатон Фостер, веднаш штом и официјално биде финализиран неговиот развод со првата сопруга Дебора-Ли Фурнес.
Двојката првпат заедно јавно се појави минатиот месец, откако тој објави дека неговиот брак со Дебора-Ли завршил по 27 години.
Извор близок до актерот откри дека ѕвездата на Вулверин веќе прави планови за иднината со Сатон, а тоа вклучува и брак.
– Хју ги помина празниците во Австралија и тогаш сфати колку многу му недостига Сатон. Магијата се врати кога се обединија и јасно е дека бракот е следен. Хју сака Сатон да му стане сопруга – открил извор за „Дејли Меил“.
Сепак, венчавката ќе мора да почека малку, барем додека не се финализира разводот од Дебора-Ли. Како што е веќе откриено, Џекмен и неговата се уште официјално сопруга не поднеле барање за развод од едноставна причина – не можат да се договорат за поделба на имотот.
Пред 27 години кога се венчале актерот не ни сонувал дека ќе стане светска ѕвезда и дека ќе заработи милиони, поради што не потпишале ниту предбрачен договор.
Богатството на Џекмен е проценето на 250 милиони долари, од кое Дебора-Ли нема намера да се откаже.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
