Бразилската манекенка Жизел Бундхен пред неколку дена го роди своето трето дете, прво со седум години помладиот партнер Хоаким Валенте, кој е тренерот по џиу-џицу. Кога ја објави среќната вест дека по третпат станала мајка, таа веднаш не го полот и името на бебето.
Според магазинот „Пипл, 44-годишната манекенка родила момче. Неименуваниот извор рекол и дека таа му го дала средното име Ривер, што би можело да претставува посебна врска со нејзините деца од бракот со Том Брејди.
Жизел со поранешниот американски фудбалер ги доби ќерката Вивијан Лејк и синот Бенџамин Реин. Ако на своето трето дете навистина му го даде средното име Ривер, таа ќе ја продолжи традицијата да им дава имиња на децата поврзани со вода.