Обивнителството бара мерка привор од 30 дена за 34-годишникот од Тетово против кого се врши истражна постапка за слување на лице кое не наполнило 15 години.
Како што објаснуваат од ОЈО Тетово осомничениот во напуштен локал од градскиот трговски центар во Тетово, со употреба на сериозна закана со нож, насилно извршил полов однос со дете родено 2010 година, по што избегал.
„Детето исплашено од заканите на осомничениот кажало за настанот само на еден другар, се до 04.02.2025 година кога дознал братот на жртвата и веднаш пријавил во полиција“, велат од ОЈО Тетово.
Според основното јавно обвинителство Тетово 34-годишникот се сомничи дека сторил кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години, казниво според член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.