Како да бидете конкурентни со вашиот бизнис?

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дигитализацијата се смета за клучен фактор за одржлив економски развој и подобрување на бизнисот бидејќи придонесува за поголема продуктивност, иновативност и конкурентска предност. Според најновите истражувања, иако околу 56% од микро, малите и средните претпријатија во Северна Македонија покажуваат интерес за онлајн бизнис, повеќето од овие компании сè уште немаат понудено производи и услуги на пазарот преку Интернет.

Ако вашата компанија е меѓу оние кои сè уште немаат свои дигитални канали, веројатно се прашувате: како да бидете конкурентни.

Интернет бизнисот најчесто ги плаши малите и средни компании. Некои веруваат дека да се биде конкурентен со големите брендови е преголем предизвик, некои дека создавањето и одржувањето на веб-страна е прескапа инвестиција, додека за некои, недостигот на искуство и вештини во дигиталниот маркетинг е непремостлива пречка да се осмелат да работат онлајн.

Но, постои едноставно и исплатливо решение кое ги решава кои било од овие предизвици.

Маркетинг компанијата Дигитал агенција ДООЕЛ која ја води најголемата бизнис платформа во Северна Македонија – „Мојата активност“ нуди единствена можност, со многу ниски инвестиции, секоја, па дури и најмладата и најмала компанија без дигитално искуство да влезе во дигиталниот свет со претставување на својот бизнис на интернет-пазарот кој не ги познава границите.

Со едноставно регистрирање на платформата „Мојата активност“, компаниите можат да го подобрат својот бизнис и да станат поконкурентни на интернет просторот, дури и да немаат своја веб-страница.

Сите кои сакаат нивната компанија да стане повидлива за пошироката публика би требало да се регистрират на платформата „Мојата активност“, со цел да го зголемат бројот на клиенти и деловни можности, бидејќи онлајн бизнисот овозможува пристап до нови пазари и проширување на бизнисот надвор од локалните граници.

Илјадници компании од различни големини и индустрии веќе имаат свои профили на „Мојата активност“, од автомеханичарски продавници до здравствени установи, а многу од нив воопшто немаат сопствена веб-страна, но лесно ќе ги најдете на интернет прелистувачите и ќе ги добиете сите релевантни информации за нивниот бизнис, а можете дури и да ги контактирате онлајн.

- Advertisement -
Ad image

Како функционира платформата?

Со регистрација на платформата „Мојата активност“, бизнисот се прикажува со репрезентативен опис, референци, визуелен идентитет и информации за контакт на компанијата, а содржината на страницата може последователно да се уредува во согласност со потребите на бизнисот.

– Дигитализацијата на бизнисот преку платформата „Мојата активност“ им овозможува на компаниите да ги автоматизираат процесите, да ги намалат оперативните трошоци и да ја подобрат ефикасноста. Со додавање производи и услуги со детални описи, фотографии и цени, како и интегрирање на системот за онлајн плаќање, лесно е да се создаде сопствена е-продавница, што претходно не беше возможно без големи инвестиции во веб-страни. Секако, сите информации лесно се ажурираат и во секое време може да се додадат нови производи или услуги како и да сѐ променат понудените цени и да се промовираат различни акции. Најважно е тоа што инвестициите се минимални, додека придобивките се огромни, бидејќи онлајн рекламирањето и успешната оптимизација веќе не се резервирани само за големите брендови, ниту пак достапноста на пребарувачот Гугл е нешто што бара огромни трошоци – потенцираат од Дигитал агенција и додаваат дека присуството на платформата не е наменето само за бизнисите од офлајн рамката, туку и за оние кои имаат свои дигитални канали.

– Меѓу корисниците на платформата спаѓаат и компаниите кои веќе имаат сопствена веб-страна или профили на социјалните мрежи, бидејќи со регистрација на платформата „Мојата активност“ значително можат да ја зголемат видливоста на својата фирма и да го подобрат своето SEO рангирање што доведува до подобра позиција при пребарувањата на интернет а со самото тоа и до повеќе клиенти, подобра препознатливост и зајакнување на довербата – додаваат од Дигитал агенција.

- Advertisement -
Ad image

– Без оглед на тоа како потенцијалните клиенти дознаваат за вашите услуги или производи, речиси е сигурно дека ќе бараат повеќе информации онлајн, поради што е важно да бидете видливи на интернет. Не дозволувајте дигиталната трансформација да ве плаши, бидејќи со платформата „Мојата активност“ веќе нема доволно добри изговори за да го оправдате одржувањето на вашиот бизнис само офлајн. Напротив, тоа е ризик за кој некои ќе платат висока цена, бидејќи во блиска иднина офлајн бизнисите многу лесно можат да се истиснат од пазарот, што го доведува во прашање опстанокот на бизнисот“, предупредуваат од Дигитал агенција.

Покрај онлајн, Дигитал агенција ДООЕЛ на своите клиенти им нуди и рекламирање во печатеното издание на „Мојата активност“, кое овозможува физичко присуство на информации и е корисно за оние кои претпочитаат традиционални методи на пребарување. Каталогот, покрај професионален дизајн, содржи и корисни деловни информации и контакти на претприемачи од различни сектори, што го олеснува наоѓањето на потребните услуги и производи.

Физичкото издание на „Мојата активност“ се објавува двапати годишно и се дистрибуира ширум целата земја, со што за вашиот бизнис може да се дознае повеќе на прометните локации како што се аеродроми, автобуски станици, чекални, саеми, деловни центри и слично. А бидејќи каталогот содржи информации корисни за секое домаќинство, често се наоѓа и во домовите.

Платформата „Мојата активност“ обезбедува сеопфатна поддршка и ресурси што ви се потребни за да водите успешен бизнис, вклучувајќи стручни совети, водичи и алатки за дигитален маркетинг. Затоа, со едноставно регистрирање, го скратувате патот до пробивањето на пазарот, бидејќи веќе немате причина да останете офлајн, освен ако сакате вашата конкуренција да ве престигне.

Share This Article