Уште два земјотреси со јачина од 5 и 4,5 степени според Рихтеровата скала утрово го „потресоа“ грчкиот остров Санторини, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 9:11 часот на 30 километри североисточно од градот Фира на Санторини. Пет минути подоцна се случи земјотрес со јачина од 5 степени со епицентар на 12 километри североисточно од Фира.
Повеќе од 10.000 жители и туристи беа евакуирани.